Пендаровски: Макрон ми рече - Овојпат нам ни треба повеќе време, не вам

Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека на средбата со Емануел Макрон, францускиот претседател му рекол дека тој сака на македонските граѓани да им ја објасни ситуацијата, бидејќи по одлуката за датум имало многу погрешни анализи.

„Не добив гаранција дека ќе се почнат преговорите брзо сигурно. Добив гаранција дека реформата на методологијата се прави и крајниот рок кој си го поставува тој е во март. Рече - сакам и јас да им ги објаснам на вашите граѓани моите позиции, во изминатиот период имаше многу негативни реакции, и со голем број неточности во анализите. Постои една фраза која Макрон и мене ми ја повтори: Овојпат нам ни треба повеќе време, не вам, рече Пендаровски во вечерашното интервју на Телма.