Грција ќе става ознака „Macedonia the GReat“ на своите македонски производи

Овој слоган ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет, рече денеска грчкиот премиер Мицотакис.

„Macedonia the GReat“, со потенцирани букви GR како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно, како што велат во Грција, т.н. македонски производи, јави МИА од Атина.

Ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат пропратени на меѓународно ниво, беа презентирани денеска во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет“.