Европол денеска соопшти дека во Романија уапсиле четворица осомничени припадници на организирана група која шверцувала мигранти во Европа. Тие прошверцувале 580 мигранти кои доаѓале надвор од Европа преку градот Темишвар, а потоа ги носеле на запад. Агенцијата на ЕУ за спроведување на законот соопшти дека денешното апсење е резултат на двегодишна истрага ширум континентот. Тие го истражувале огромниот синџир на шверц на мигранти во западна Европа.
Европол соопшти дека истрагата била лансирана од германската полиција минатата година и во неа учествувале и власти во Австрија, Грција, Чешка, Унгарија и Велика Британија.
Агенцијата соопшти дека бандата била составена од најмалку 36 лица кои заработиле повеќе од 2 милиони евра (2,2 милиони долари).