Парламентот на Молдавија ја одобри новата влада предводена од поранешниот министер за финансии и советник на претседателот, Јон Чику.
Претседателот Игор Додон вчера го номинираше Чику за премиер, еден ден откако на кабинетот на прозападната премиерка Маја Санду му беше изгласана недоверба. Таа на функција се задржа само пет месеци.
За Чеку гласаа 62 пратеници од вкупно 101 законодавец.
Тој ќе ја предводи преодната влада до избори. Повеќе од половина од членовите на новата влада се поранешни советници на проруски ориентираниот Додон, а дел од нив беа министри во владата која беше соборена во јуни.