Премиерот Зоран Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје рече дека реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка.
На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев потенцира дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.
Македонско-рускиот бизнис форум е во рамки на 9. сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која утре, во Охрид, ќе заседава, а се активира по пауза од пет години. Заев рече дека одлуката за одржување на Меѓувладината комисија е договорена уште во 2017 година.