Поранешниот премиер, а сега азилант во Будимпешта, Никола Груевски нема да се гони за случајот „Траекторија“, оти настанала апсолутна застареност на делото. Случајот кој се однесува на барањето процент за изградба на кинеските автопати застарел, оти поминале шест години од кога е сторено делото, а немаше правосилна пресуда. Сега државата ќе треба да ги плати сите трошоци поврзани со оваа постапка против Груевски.
Случајот што го покрена СЈО, го водеше обвинителката Лиле Стефанова но таа не ја коментираше одлуката декаГруевски нема да одговара.
Случајот „Траекторија“ се однесуваше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и за Кичево – Охрид. Обвинетите се товарат дека ги злоупотребиле своите овластувања и со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Во случајот покрај Груевски, обвинети се и поранешните функционери Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски.