Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија, како што е најавено, ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и претседателот на Северна Македонија ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.