ЕУ денеска повторно упати барање до Велика Британија да предложи свој кандидат за комесар во новиот состав на Европската комисија и покрај плановите на Британија да ја напушти Унијата. Британската влада не покажува многу интерес за ова прашање, оти пред нив се изборите планирани за 12 декември.
Изборите уследија откако Парламентот не го прифати договорот што премиерот Борис Џонсон го постигна за излез од Унијата на 31 октомври. ЕУ потоа го одложи Брегзит до 31 јануари. Европската унија сака да се формира новиот состав на Комисијата и таа да почне да работи од 1 декември.
Комисијата обично се состои од по еден претставник од секоја земја членка. Од ЕК велат дека Лондон не одговорил на нивното барање да именува комесар. Британија има рок до крајот на неделава да одговори на барањето. Според законите на ЕУ, Британија е должна да предложи комесар.