Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека се надева оти приемот во НАТО нема да влијае на најавените предвремени парламентарни избори. Таа вели дека одлуката е донесена, има консензус и се работи на тоа изборите да бидат на 12 април.
Шекеринска вели дека стратешки приоритети - членство во НАТО и во ЕУ се над сè останато.
„Апсолутно сметам дека треба да направиме сè што е во наша моќ навреме да се завршат постапките пред парламентарните избори и очекувам и се надевам дека тоа ќе се случи“, рече денеска министерката Шекеринска, која беше во посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во касарната „Гоце Делчев“.
Членството во НАТО, оцени таа, е успех број еден и ништо не смее тој успех да го загрози.
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за буџетот за 2020, рече дека очекува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Парламентот во Шпанија да заврши до крајот на јануари и земјава навремено да стане членка на Алијансата.
„Добро е што имаше успешни избори во Шпанија. Победи мојата левица. Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО, рече премиерот.
Освен Шпанија, протоколот не го ратификувале и Франција и Холандија.
Шекеринска очекува неделава Протоколот за НАТО да биде ратификуван во Холандија, а до Лондонскиот самит и во Франција