Вучиќ очекува Скопје и Тирана да ги започнат преговорите со ЕУ во март

Архивска фотографија - Макрон и Вучиќ во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон рече дека очекува преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени во март, освен ако не се чека Самитот во Загреб во мај. Тој во Париз коментирајќи ги барањата на одредени земји за повторно ставање на гласање на одлуката за старт на пристапните преговорите со двете земји, рече дека тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите на 12 април во Скопје.

„Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека е неопходно „да се стави на видело“ европската иднина на регионот, додавајќи дека започнувањето преговори и потоа задржување десет години во отворање на поглавјата, само доведува до зголемување на бројот на противници на ЕУ.