Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО, изјави денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Тој вели дека процесот на ратификација е во тек и без проблеми треба да се ратификува.
Тимоние изјавата ја даде по комеморацијата на француските воени гробишта во Скопје, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.
Протоколот за членство во НАТО, освен Франција, уште треба да го ратификуваат и Холандија и Шпанија.
Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање во однос на „малиот шенген“ што е инцијатива на лидерите на Западен Балкан, рече дека секоја соработка во овој регион е добредојдена.