Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре, како што е потврдено, ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон. Пендаровски ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање. „Добиваме исклучително добра прилика како држава да присуствуваме на Париската мировна конференција и да ги изложиме аргументите на двете страни и да ги чуеме мотивите на францускиот претседател“, рече минатата недела во изјава за медиумите Пендаровски. Тој најави дека пред Макрон ќе ја повтори позицијата дека евроинтеграцијата на Северна Македонија нема алтернатива и оти земјата е подготвена да продолжи по тој пат, независно дали тоа ќе биде според досегашната или по новата методологија што ја заговара Франција.