Вучиќ во тридневна посета на Париз

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја почнува тридневната посета на Париз во текот на која ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој вечер ќе присуствува на вечерата што Макрон ја приредува за шефовите на држави или влади и за претставници на меѓународните организации, а утре по средбата со Макрон ќе присуствува на отворањето на Вториот париски форум за мирот.