Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн, во писмото испратено до кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, очекува од него да продолжи да се залага за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
Праксата налага избраната претседателка да им ги испрати во писмена форма мисиите за кои очекува нејзините кандидати за комесари да работат во текот на нивниот петгодишен мандат.
Претседателката експлицитно му порачува на кандидатот за еврокомесар дека нејзината Комисија “ќе застане зад предлогот да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“. Понатаму, во писмото до Унгарецот Оливер Вархелји бара “кредибилна европска перспектива“ за земјите од Западниот Балкан.