Во Македонија нема персонал за новите медицински хеликоптери

Во земјава нема персонал и опрема за работа за спроведување на најавената медицинска хеликоптерска услуги за граѓаните. Според физибилити студијата на Владата во прво време ќе работат луѓе од странство за извршување на услугите и за обука на локалниот персонал. Според студијата ќе бидат потребни 13 лекари, 13 лица медицински персонал, 5 клинички координатори( кои ќе работат со скратено време) и 3 административни службеници.

Се предвидува после неколку години персоналот да е целосно од земјава, но во студијата на владата се наведува дека за такво нешто ќе бидат потребни 3 или 7 години.

За набавка на еден медицински хеликоптер со опрема за одржување и радио станици потребни се од 10 до 15 милиони евра.

Истражувањата покажале дека еден специјализиран ХЕМС со еден хеликоптер чини околу 4,8 милиони евра годишно во смисла на директни трошоци.