Приватната клиника Аџибадем Систина преку суд бара наплата на 10 илјади евра од Бојан Јовановски - Боки 13 за операција. Денешното рочиште за долгот на Боки -13 е одложено откако адвокатот на обвинетиот му го откажал полномоштвото. Следното е закажано за 20 декември.
Јовановски е во притвор за случајот Рекет и многу често посетува лекар жалејќи се на проблеми со желудникот. Тој во Систина правел операција на желудникот и не платил 634.251 денари, колку што чинела операцијата, услугите и третманот.
Дел од раководството на Систина е и бизнисменот Орце Камчев, кој пријави дека Јовановски го рекетирал, по што беше и отворен предметот Рекет. За Рекет во притвор е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.