Рамчиловиќ ја напушти Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ

Собрание на Македонија

Претеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напуштил Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ. Тој на први месецов писмено го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.

Тој е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Седницата на која ќе се гласа за новиот потпреседател Џафери ја закажа за утре во 15 часот. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Рамчиловиќ беше дел од Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ заедно со Елизабета Канческа - Милевска, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов и гласаше за промена на уставното име на државата.