Државата треба да му плати 42 илјади евра отштета на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, која сега е советник на премиерот Зоран Заев.
Тој бараше 71 илјада евра за 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“. Државата ќе му плати на Верушевски за претрпена душевна болка и штета на угледот. Тој беше притворен во 2015 под обвинение дека шпионирал, за велепредавство и за поседување пиштол.
Верушевски поднесувајќи ја тужбата рече дека мотивот е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметнала државата.