Во последните четири месеци имавме околу 40 илјади пристигнувања, вели алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција, надлежен за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Кумуцакос истакна дека мигрантското/бегалското прашање е големо, а во овој момент постои „експлозивна мешавина“ на околности што ги зголемува пристигнувањата во Грција. Тој ја набројува одлуката на Турција да ја смени политиката во мигрантското прашање со која како што вели станува многу потврда. Според Кумуцакос вториот дел се состојбите во Сирија и Авганистанод каде што се уште има бегалци.