Заев - Државата да биде функционална за да се донесе протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев зборувајќи за распуштањето на Парламентот и ратификацијата на протоколот за НАТО, рече дека треба да се внимава државата да биде функционална за да се донесе важна одлука како што е членството во НАТО. Тој вели дека 12 април треба да се задржи како датум за избори, но дека сепак се остава можност какви било промени да се случат заради НАТО.

„Нема да дозволиме како држава да останеме без Парламент, сите 29 земји членки го ратификуваа и ќе дојде до Република Северна Македонија и оп ние немаме Парламент“, рече тој.

Одговарајќи на прашања рече дека не сака да изнесува имиња за амбасадори на испразнетите места, но вели дека очекува следната недела веќе да има информации за одредени имиња. На темата засега течат разговори меѓу Министерството за надворешни работи, претседателот и другите важни чинители во државните институции, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали неговиот советник за надворешна политика Дане Талески ќе биде новиот амбасадор во мисијата во НАТО.

„Не сакам однапред да шпекулирам со имиња, затоа што споменувате мој советник во Владата за надворешна политика, кој работи на НАТО и ЕУ агендата, на Договорите со Бугарија и Грција. Не знам дали сака, дали не сака, дали прифатил или не прифатил, дали е разговарано. Би избрзал ако соопштам какво било име“, рече Заев.