Во Скопје ќе се воведе електричен трамвај на гуми, изјави денеска премиерот Зоран Заев на седницата во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за згадувањето нa воздухот. Првата трамвајска линија во главниот град би чинела околу 100 милиони евра.
"Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целиот тендер во текот на зимскиот период ", изјави премиерот Зоран Заев.
Тој информираше дека во делот на гасификацијата се работат двата главни коридора, Неготинo – Кавадарци и Прилеп – Битола и другиот, покрај Скопје, Tетово – Гостивар, а се извршуваат постапките за експропријација на Гостивар – Кичево.
„Сите општини добија налог, замолница, да ги работат главните проекти, така и градот Скопје, за гасификацијата. Од поголемите градови, повеќе од 50 проценти веќе имаат изработено главни проекти, очекуваме да завршат општините од Градот Скопје. Дел имаат завршено, Чаир на пример, со конечна цел да се отвори дебата на готова проектна документација, кој е моделот што ќе се спроведе во Скопје и во другите градови. Гасифицирани градови, коишто имаат пуштено цевка во државата се Струмица и Куманово“ рече Заев.