САД се загрижени што Скопје и Тирана не добија датум за преговори со ЕУ
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, во интервју за Радио Слободна Европа оцени дека одредени лидери во ЕУ имаат „поглед од 19 век“ на Западен Балкан. Европската перспектива на земјите кои сакаат да бидат дел од Унијата, е клучна компонента на американската надворешна политика, вели Рикер.