Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа приреди работен прием за амбасадорите на САД во југоисточна Европа кои во Скопје одржуваат советување под раководство на заменик помошникот на државниот секретар и специјален пратеник за Балканот Метју Палмер. Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, Димитров изразил задоволство поради тоа што Скопје е избрано за место на одржувањето на регионалното советување на американските амбасадори. „Тоа е дополнителна потврда за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Северна македонија и САД“, оцени министерот Димитров.