Отворено писмо до Пендаровски и Заев за мерки против палењето огнови и отпад

Пожар. Архивска форографија.

Здружени граѓански и еко иницијативи преку отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев како последица на пожарите низ земјата бараат активирање на припадници на армијата и полицијата во редовни патроли и дежурства на критични точки каде се палат огнови и отпад на отворено, со цел да се заштити здравјето, животот и имотот на граѓаните. Тие повикуваат и да се едуцираат граѓаните за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, пред се од здравствен аспект.

Копии од писмото се испратени и до Град Скопје, министерството за животна средина и просторно планирање и МВР. На отвореното писмо потпишани се 13 граѓански и еко иницијативи, меѓу кои Екогерила, О2 иницијатива, Не биди ѓубре, како и Движење за чист воздух, Го сакам водно и Скопје Смог Аларм.