Швајцарскиот министер за внатрешни работи Ален Берсе изјави дека повеќе од десет проценти од глечерите во Швајцарија се стопиле во последните пет години, што се нема случено повеќе од сто години, пренесува АП.Берсе изјави дека Швајцарија „целосно“ изгубила 500 глечери од почетокот на 20 век.
На состанокот на Светската метеоролошка организација за влијанието на климатските промени на планините, Берсе посочи на итноста од донесување решение, особено во Швајцарија, каде планините сочинуваат две третини од територијата. Ова е прв состанок на оваа агенција на ООН за тоа како климатските промени влијаат на планините.
На состанокот, кој трае од денес до четврток, учествуваат 150 експерти. Тие дискутираат за глечерите, снегот и зоната на вечниот ледпермафрост, појави кои ги регулираат ресурсите за свежа вода за околу половина од светската популација и бараат итна акција.
Според Берсе, промените во планинските области ги зголемиле ризиците од поплави и лизгање на земјиштето.