Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот ќе зависи од изборните резултати

Христијан Мицкоски

Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите и ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, „се отвора можност за враќање на чекор наназад, во спротивно не чека многу работа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Политика“. Тој вели дека Македонија мора да се врати на брзата лента до моментот за полноправно членство во ЕУ и одвнатре да се коригираат грешките, додавајќи дека негов концепт е „не на антиквизацијата и не на севернизацијата, туку да и враќање на македонизмот во Македонија“.

На прашањето на „Политика“ за неговиот став за „фијаското во Брисел и покрај зеленото светло од 27 држави на ЕУ“, Мицкоски вели дека „Заев не испорачал никакви реформи и за тоа е виновна неговата неодговорна политика“.

Околу прашањето за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата и за неизнаоѓањето „заеднички јазик“ со властите за новиот Закон за обвинителство, Мицкоски одговора дека тој се залага за владеење на правото и за независна судско-обвинителска власт.