Власта и просветарите не се договорија за висината на покачување на платите во образованието. По средбата со СОНК, министерот за образование Арбер Адеми рече дека не е постигнат договор. Пред неколку денови Синдикатот го одби предлогот на Владата покачувањето на платите да биде 10 проценти и најавија дека на 11 ноември ќе има генерален штрајк. До крајот на неделата пак ќе има средба.
„Ќе преговараме до последна минута, нема зијан од дијалог, заслужуваат поголема плата, но треба да се направат анализи до каде можеме, а и СОНК треба да размисли“, рече министерот Адеми.
Тој смета дека нема потреба од штрајк.
Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека советот не се согласил околу тоа од кога треба да биде покачувањето. Власта предлага тоа да биде од април, а СОНК бара со почетокот на годината, а бараат и повеќе од 10 отсто повисоки плати.