Бугарија побара отповикување руски дипломат поради шпионажа

Илустрација

Бугарското Министерство за надворешни работи побара од Москва да отповикаат еден дипломат во нивната амбасада во Софија, по обвинението дека првиот секретар бил вклучен во шпионажа повеќе од една година. Во соопштението на Министерството се наведува дека бугарските власти имале средба со рускиот амбасадор, откако биле известени од страна на обвинителите и тајните служби за сомнителните активности на дипломатот, по што побарале негово повлекување до крајот на денот. Министерството соопшти дека дипломатот веќе ја напуштил Бугарија. Од Министерството за надворешни работи на Русија засега нема коментар.