Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека смртта на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е пресврт во заедничката борба против тероризмот. Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и против курдските борци од редивите на Силите за заштита на народот во Сирија. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.