Во Скопје повторно загаденост на воздухот

Илустративна фотографија. Загаденост на воздухот.

Во Скопје изутрината во воздухот беа измерени 129 микрограми ПМ 10 честици на метар кубен со што главниот град се најде на 10 то место на светската листа.

Претходните два дена алармантна загаденост имаше во Куманово, каде ПМ 10 честиците беа 35 пати над дозволената граница, односно над 1800 микрограми на метар кубен.

Локалната власт во Куманово соопшти дека причината за загаденоста на воздухот во градот е системот за греење на болницата која користи мазут во котелот за затоплување. Од Општината информираа дека почнале со аеросолизација, како итна мерка за намалување на загаденоста и бараат централната власт да издвои средства за целосна гасификација на болницата.