Заев: "Мало сутра" дека Мицкоски ќе дојде на власт, Мицкоски: Владатa е арaмиска

Комбо Фотографија - Зоран Заев и Христијан Мицкоски

„Измами, корупција, криминал. Арамиска власт со агенда да е на функции за да краде и се богати на грбот на народот“, напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Овој статус Мицкоски го поткрепи со видео, насловено „Власта фатена во рекет“ во кое с еприкажани моменти на рекет од челниците на власта.

Премиерот Зоран Заев пак синоќа на партиската трибина во Прилеп истакна дека само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се радува за блокадата на францускиот претседател Емануел Макрон на преговорите на земјава со ЕУ.

"Абе човек, државата, државата наша е тоа, само тој среќен целиот исполнет, еве не бидна датумот. И што дека не бидна датумот, мисли дека тоа ќе го донесе на власт. Мало сутра", му порача Заев на Мицкоски.