Претседателот Доналд Трамп денеска ќе има „важно обраќање“ најави портпаролот на Белата куќа Хоган Гидли, по извештаите дека американската војска спроведе рација врз локацијата на водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади. Гидли доцна синоќа изјави дека Трамп ќе се обрати околу 13 часот по средноевропско време, но не кажа други детали.
Пред објавата на Гидли, Трамп напиша на Твитер: „Нешто многу големо штотуку се случи!
Повеќе медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен и Ројтерс, објавија дека американската војска спровела рација во северна Сирија на осомничената локација на милитантот, лидер Багдади. Нема потврда дали таа мисија ќе биде предмет на изјавата на Трамп.
Си-Ен-Ен цитираше официјален претставник на администрацијата дека изјавата ќе биде поврзана со надворешната политика. Некои медиуми цитира неименуван американски претставник на армијата дека Багдади бил убиен во рацијата.