Речиси сите политички групации во Европскиот парламент поднесоа нацрт резолуција со која се осудува резултатот од последниот Самит на лидерите на ЕУ, кога Унијата не одлучи за отворање на преговори со Албанија и со Северна Македонија.
Се работи за забрзана процедури, оти целта е резолуцијата да се изгласа за време на пленарната седница на ЕП која е во тек во Стразбур. Гласањето треба да биде в четврток.
Меѓу иницијаторите е и политичката групација во која е и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Екстремно десничарската групација ИД Груп, во кај членува Марин ле Пен пак ја поздравува одлуката на ЕУ да не се дозволи отворање на преговорите.
Оние кои ја осудуваат одлуката за одложување на давањето датум истакнуваат дека понатамошното одлагање ќе предизвика нестабилност, не само во Албанија и Македонија, туку и во целиот регион.
Во нацрт резолуцијата се наведува дека Европскиот совет треба да преземе одговорност и конечно да делува во согласност со своите обврски. Исто така се подвлекува дека неопходно е ЕУ да постигне договор и да започне преговори за пристапување со Скопје и Тирана. Во спротивно, се смета дека се нарушува кредибилитетот на ЕУ, не само во Западен Балкан, туку и пошироко.