Британската полиција открила 39 тела во камион што дошол од Бугарија. Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на едeн тинејџер се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон.
Началникот на полицијата, Ендрју Маринер, изјави дека истрагата е во тек за да се утврди што се случило.
„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, рече тој.
Началникот изјави дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во сабота на 19 октомври.