Aлбанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај изјави дека Албанија ќе се повлече од балканскиот „мини Шенген“, доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка. Министерот вели дека премиерот Еди Рама тоа го поставил како услов, за кој нема преговори, и доколку Косово не биде вклучено, Албанија веднаш ќе се повлече.
Тој смета дека треба да се промени терминот „мини Шенген“. Иницијативата за ваквата соработка беше на српскиот претседател Александар Вучиќ, а на првата средба присуствува и Еди Рама и македонскиот премиер Зоран Заев. Цакај вели дека наскоро се очекуваат состаноци со Црна Гора, Хрватска, Косово.