ВМРО-ДПМНЕ со „Коалиција за обнова на Македонија“ на изборите

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со коалиционите партнери во седиштето на партијата изјави дека едногласно се договориле името на коалицијата да се промени во „Коалиција за обнова на Македонија“. Според Мицкоски на земјата и требало обнова, по како што рече, арамилакот кои години наназад го следат македонското општество. Тој порача дека од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат реформи во областа на владеење на правото, бескромпомисна борба со криминалот и корупцијата, како и „економски бум“ и земјата да прерасне во технолошки лидер на Балканот.

„Тоа ќе бидат практично столбовите на коишто ќе се темели предизборната кампања на веќе новата „Коалиција за обнова на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој порача и дека е во преговори со други политички партии за коалицирање. Во првиот дел од средбата, како што наведе Мицкоски, ги информирал коалиционите партнери за вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, а во вториот дел ќе стане збор и за други теми.