Судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево, денеска беше одложено, оти неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката. На Ел Чека му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани.
Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“.