Рускиот претседател Владимир Путин неделава ќе биде домаќин на самитот Русија – Африка, кој се одржува на 23 и 24 октомври во Сочи. На самитот ќе учествуваат 47 африкански лидери. Се очекува тој да добие предност во трката за влијанието на светските сили во Африка.
Самитот доаѓа во време кога ривалите како САД, Индија, Турција и Кина исто така сакаат да се здобијат со влијание во Африка. Путин во интервјуто пред самитот, рече дека на своите гости ќе им понуди помош и заеми, кои ќе се засноваат на принципот „Африкански решенија за африканските проблеми“, наместо исполнување на наметнатите одредници од странство. Тој вели дека западните земји користат притисок, заплашување и уцена кон африкански влади.
Путин наведува дека со африканските земји имаат воени договори, зделки за оружје, изградба на централи за електрична енергија, ослободување на долгови, а руските универзитети традиционално нудат обуки за африкански студенти.