Могерини жали поради историската грешка со проширувањето

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини оцени дека лидерите на ЕУ направиле „историска грешка“ кога не успеале да договорат старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на нивниот минатонеделен самит. Могерини на нејзиниот блог напиша дека жали што европските лидери не можеле да се согласат и покрај исклучителниот напредок на двете земји и спротивно на препораките на Европската комисија. „Тоа е многу повеќе од изгубена шанса, тоа е историска грешка која, се надевам ќе биде исправена што е можно побрзо“, наведува Могерини.