Мицкоски очекува партиите да постигнат договор за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека на утрешната лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, очекува да се постигне договор за распишување на предвремени парламентарни избори, нагласувајќи оти нема да прифати избори без техничка влада.

Тој додава дека избори се потребни, не само за власт, туку и за да се определи иднината и развојот на државата.

„И затоа е потребен политички консензус. Претпоставувам дека тоа ќе го разговараме утре. Еве самиот (Заев) тоа го најави доколку не се премислил. Па ќе видиме, ќе разговараме“, рече Мицкоски.