Лидерска средба ќе се одржи в недела на покана на претседателот Стево Пендаровски, во врска со последните случувања на евроинтегративниот пат. Тој вели дека упатил покана до власта и до опозицијата и добил позитивен одговор од нив.
„Не е време за разочарувања, апатија, калкулации за политички поени. Време е за обединување за нашата иднина и иднината на нашите деца. Само ако работиме заедно ќе успееме“, рече Пендаровски во своето обраќање.
Тој вели дека најмалку што ни е потребно сега е незадоволството да се насочи кон одредени земји членки на ЕУ и кон и политики тензии. Тој ги повика партиите да ги остават настрана партиските интереси и, како што вели, заедно да ја реафирмираат визијата за земјата.
Пендаровски вели дека ЕУ и НАТО остануваат стратешки цели. А додека се случи членството во ЕУ, земјата треба да работи на трансформација, да ги усвои европските вредности, за се справува со криминалот и со високата корупција.