Девет деца биле жртви на трговија со луѓе во Македонија лани и годинава, односно биле сексуално експлоатирани и принудувани на бракови. Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 лица, а првопријавениот добил и казна затвор од 17 години додека второ и третообвинетите по 14 години затворска казна.
Денеска се одбележува Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.
„Со жалење можеме да констатираме дека се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, се поголем е бројот на деца кои се сексуално експлоатирани, нагласи државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, која е и Национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
Несторовска информираше дека единицата која е формирана за откривање криумчерење на мигранти, разбила вкупно пет организирани криминални групи против кои се поднесени 51 кривична пријава, а за 2019 три кривични пријави против 37 лица и целосно се разбиени две организирани криминални групи.