Самит на ЕУ: Брегзит, буџет и Северна Македонија

самит на ЕУ, Брисел, 21.06.2019.

Европскиот совет денеска и утре, како што е најавено во Брисел, ќе расправа за голем број важни прашања, вклучувајќи го долгорочниот буџет на ЕУ, приоритетите за следните 5 години и Брегзитот. Евролидерите ќе разговараат за стратешката агенда и приоритетите на ЕУ за годините 2019-2024 година. За таа цел на самитот ќе биде поканета новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен која ќе гипретстави приоритетите на новата Комисија. Европскиот совет ќе расправа за проширувањето и за процесот на стабилизација и асоцијација во врска со Албанија и Северна Македонија.