Владата ќе биде мртва, ако лидерите на ЕУ донесат негативна одлука за почеток на преговори, изјави премиерот Зоран Заев на дебата во Виена. Тој вели дека со таква одлука власта ќе го загуби мнозинството во Парламентот од кое барале да гласа за промена на името на државата и за промена на Уставот. Пратениците се убедувале за глас со ветување дека ЕУ ќе испорача датум за преговори. И затоа, како што вели Заев, верува дека ЕУ ќе го испорача тоа за да не им се остави простор на трети страни да завладеат со регион и да не се остави простор за радикален национализам, додава Заев.
Тој вели дека за земјата нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Во регионот има интереси и на трети страни, вели тој, споменувајќи ги Русија, Турција, Кина, кои според него не нудат владеење на правото и демократија.