Во Северна Митровица полицијата спровела акција во врска со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ, за РСЕ потврдува портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани. Според него уапсен е полициски службеник, а за уште еден се трага. Во текот на акцијата е уапсен уште еден осомничен, кај кого е пронајдено оружје. Во текот на акцијата конфискувано е оружје и муниција.
Но специјалниот тужител Суљ Хоџа пак вели дека полициската акција на северот во Косово е поради сомневања за организиран криминал и злоупотреба на службената должност.
Тој вели дека истрагата може да покаже дека уапсените се поврзани со случајот, на индиректен начин, но дека засега се работи за организиран криминал и злоупотреба на службена должност.
Полициската акција ја спровела специјалната сили на косовската полиција.
Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во Северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.