Бугарскиот премиер Бојко Борисов го повика претседателот на фудбалскиот сојуз на Бугарија да си поднесе оставка по вчерашниот натпревар со Англија на кој бугарските навивачи имаа расистички извици и нацистички поздрави. Натпреварот беше прекинуван на два пати, поради злоупотребите од страна на навивачите насочени кон гостинските играчи.
Борисов на својот Фејсбук профил напиша дека го повикува претседателот на фудбалскиот сојуз Борислав Михајлов веднаш да си даде оставка.
Борисов напиша дека не е прифатливо Бугарија, која е една од најтолерантните држави во светот и држава во која луѓето од различни етникуми и религии живеат во мир, да се поврзува со расизам и ксенофобија.
Британскиот премиер Борис Џонсон ги осуди „грдите“ инциденти.
Неговиот портпарол вели дека „расизмот и дискриминацијата мора да бидат истерани од фудбалот еднаш засекогаш“.