Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не сака да даде коментар за разговорите за „Брегзит“, откако беше прашан дали Северна Ирска ќе ја напушти царинската унија на ЕУ во услови на надежи дека може да биде постигнат договор пред 31 октомври, јавува Ројтерс.
„Мислам дека би било погрешно да дадам коментар за преговорите“, рече тој додавајќи: „погледнете на се што реков претходно и од тоа можете да извлечете свои заклучоци“, изјави Џонсон.
„Можам да ви кажам дека под ниту едни услови нема да видиме нешто што ја оштетува можноста на целото Обединето Кралство да ја искористи предноста на „Брегзит“ и тоа е она што луѓето го очекуваат“, вели Џонсон.