Исполнувањето на договорот е обврска на двете страни и верувам дека ќе продолжиме да изнаоѓаме решенија со пријателска Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев на прес конференција по средбата со неговиот словенечки колега Марјан Шарац по одлуката на соседната земја да воведе одредени услови во преговарачкиот процес на Северна Македонија.
Тој порача и дека верува во решение за сите прашања низ билатералниот дијалог и градење на пријателството. Заев деновиве најави средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, како и состанок со Мешовитата македонско бугарска експертска комисија.Заев порача и дека очекува Бугарија да биде една од погласните поддржувачи за одлуката за датум за преговори.