Глобалното затоплување е една од темите која во оваа 2019 - та година стана најактуелна, и која тема поттикна разни протести и маршови низ целиот свет, а исто така и конференции на светско ниво кое нешто за мене беше нормално и вообичаено во оваа декада на живеење се додека не дојде едно утро кога го слушнав говорот на младата Грета во врска со глобалното затоплување, кој говор и покрај сè што слушав и прочитав овие години за глобалното затоплување ме поттикна да ја напишам оваа колумна.
Првата помисла што ми падна на ум, а тргнувајќи од мое лично искуство беше тоа како една толку млада личност може да говори пред толку голема маса на луѓе, но како што течеше говорот на Грета, почнав да се прашувам себеси и дојдов до одговор дека можеби емоциите кои ги внесе во нејзиниот говор, а и на некој начин успеа да се издвои од сите говорници притоа станувајќи позната медиумска личност до толку да и самиот Доналд Трамп, а сега и Путин ја примиле нејзината порака како да знаеле меѓу другото е наменета за нив. Сепак по кратка анализа дојдов до заклучок дека всушност самиот емотивен говор и покажувањето на емоциите на Грета е причината за да денес сите и го знаеме името, но сериозно мора да констатирам дека тие емоции не се соодветни кога се дискутира на таква сериозна тема како што е глобалното затоплување, но како и да е, емотивниот говор е причината која сите и го знаеме името денес, ама истовремено тие емоции можеби не се соодветни кога дискутираме на сериозна тема како глобално затоплување. Но како и да е, 16-годишната Грета ја испрати својата порака до сите нас.
Во ред, го решивме прашањето со Грета која што го решава прашањето за глобално затоплување во светот, но време е ние да си го поставиме прашањето: кој е навистина крив за глобалното затоплување во Македонија?
На некој начин, сите ја носиме вината за глобалното затоплување, но човекот како индивидуа не може самиот по себе да ја спречи или намали штетата на глобалното затоплување, но може како единка да влијае барем на локалното затоплување кое што е дел од глобалното затоплување. На интернет постојат страници, а исто така и Владата дава препораки и предвидува разни мерки за обичниот човек, како што е користење на јавниот превоз наместо користење на автомобил или исклучување на светлото во собата која не ја користиме. Со овие совети дискретно се обвинува обичниот човек како тој да е крив за глобалното затоплување и како тој самиот може да влијае врз овој долгорочен проблем. Додека мерките како заменување на пластични чаши и користење на стаклени чаши е многу поздрава алтернатива, ама оваа мерка нема да направи голема промена ако само обичниот човек го прави тоа. На глобално ниво е потребно да престане производството на пластика за секојдневна употреба и тогаш обичниот човек нема да биде виновен.
Климатските промени се закана за целиот свет, и поради тоа бара регулација и санкции од страна на секоја влада, која што се однесува на глобалните и најголемите произведувачи на материјали кои што ја загадуваат планетата и влијаат на глобалното затоплување, што би рекол обичниот човек да се откажат на дел од својот профит на сметка на глобалното здравје и иднината на планетата Земја.
По дефиниција секоја Влада во секоја држава на нашата планета треба да ја искористи својата моќ дадена од граѓаните и да ги штити интересите на истите, а моментално тоа е да се бори против тие кои што ја донесоа нашата планета во моменталната ситуација во која се наоѓа, а тоа можеме да го најдеме во одредени компании. Неодамна се објави извештај каде што покажа дека само 100 компании се одговорни за 71 проценти од глобалните емисии почнувајќи од 1988 година, и тие статистики се неверојатни, па поради тоа се поставува прашањето како таквите корпорации не сносат никаква одговорност за нивните дела?
Ако само неколку компании и земји се одговорни за голем дел од глобалното затоплување, тогаш зошто се обвинува обичниот човек како тој да е главниот фактор во овој проблем? Секоја влада треба да разгледа кој е главниот фактор за придонесување кон овој проблем, и да го реши преку санкции и регулации, за некои корпорации да бидат присилени да го прекинат својот придонес кон овој проблем, а во некој случај со субвенции.
Исто така развиените земји треба да ги поддржат земјите во развој во борбата против климатските промени, поради тоа што во тие земји има голем број на луѓе кои не можат да дадат помош, и таа група не смее да биде дискриминирана, а ниту да биде обвинета, туку преку субвенции и владина помош треба да им се помогне, како на пример, Град Скопје дојде до заклучок кои се фактори за загадениот воздух во самиот град, а на прво место стои затоплување на домаќинствата со дрва, стар мебел, гуми и останато... после тоа доаѓа сообраќајот во градот комплементарно со уличната прашина и прашината од градежните активности. Преку помош од владата за тие кои не можат да си дозволат соодветно греење загадувањето ќе се намали во голема мера, додека со редовно чистење на улиците (кои верувам дека веќе се одвива) и со одредени регулации во градежништвото можеме да го замислиме Град Скопје како место кое секоја година не го достигнува првото место во загаденост, туку како град кој што не само се изборил против загаденоста, но се вклучило во борбата против климатски промени!