Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека Обвинителството отворило истрага поврзана со организацијата „Меѓународен сојуз“, за перење пари и помагање во делот на измамата.
Според јавниот обвинител, четворицата се сомничат дека „биле вмешани во трансферот на парите за „Меѓународниот сојуз“ на првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски“. Јовевски не прецизира за кои лица станува збор, додавајки дека тоа е поврзано со две фирми, една од Битола и една од Струга.
Јавниот обвинител треба да одлучи дали и какви мерки за претпазливост ќе бара за овие осомничени.